Москва се надева дека украинските власти ќе преземат мерки за да се прекине воената операција на југоистокот на земјата, изјави министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров во телефонски разговор со својот француски колега, Лоран Фабиус.
Рускиот министер е уверен дека прекинот од насилството ќе помогне на општонационалниот дијалог.
Претходно, милијардерот Петро Порошенко, кој според прелиминарните податоци победи на претседателските избори, најави дека е намерен да изврши брза специјална операција на истокот на земјата. Според неговите зборови, тоа нема да трае повеќе ниту два до три месеци, туку сѐ ќе заврши за неколку часа.
Противниците на Порошенко страхуваат дека ваквата операција може да доведе до огромни цивилни жртви.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче