Киев побара од Русија 1 милијарда долари за гас

В.д. премиерот на Украина, Арсениј Јацењук, побара од Русија „исплата на 1 милијарда долари за користење 2 милијарди кубни метри гас, кои припаѓаат на украинската компанија Черноморнефтегас“.

В.д. премиерот на Украина, Арсениј Јацењук, побара од Русија „исплата на 1 милијарда долари за користење 2 милијарди кубни метри гас, кои припаѓаат на украинската компанија Черноморнефтегас“.

Притоа, Јацељук изјави дека билатералните разговори меѓу Украина и Русија, без САД и ЕУ - се невозможни. Тој, исто така, истакна дека ако до 29 мај не биде постигнат договор за гасот со Русија, Украина „ќе се состане со руската компанија Гаспром на Стокхолмската арбитража“.

Черноморнефтегас до 17 март припаѓаше на Нефтогаз, но после референдумот за независност на полуостровот, активите на оваа компанија, како и залихите, по одлука на националниот парламент беа национализирани. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија