Европската комисија подготви нова стратегија за енергетска безбедност, со која би се намалила зависноста на Европа од руските испораки на гас, како и транзитот преку територијата на Украина, јавија медиумите.
„Сеопфатниот план за намалување на енергетската зависност на ЕУ“ предвидува зголемување на експлоатацијата на гас од алтернативни извори, како и забрзување на развојот на интерконектор (гасовод кој ја поврзува Велика Британија со континентална Европа), со кој ќе се овозможи слободно движење на гасот во самата ЕУ. Исто така, се планира намалување на енергетската потрошувачка за 20% до 2020 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче