Украина мора да ги подмири долговите кон Русија. Овој став го изнесе европскиот комесар за енергетика, Гинтер Етингер.
Според неговите зборови, Киев е во можност со пакетот финансиска помош од Меѓународниот монетарен фонд и Европската унија „да ги плати сметките“.
Во Берлин вчера се одржа втората рунда преговори меѓу претставниците на Русија, Украина и Европската унија околу прашањето за гасот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.