Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави за време на средбата со челниците на најголемите светски информативни агенции, дека украинската криза не треба да доведе до создавање на нова Студена војна.
„За неа (Студената војна) никој не е заинтересиран и мислам дека тоа нема да се случи“, изјави Путин.
Според неговите зборови, Русија и САД развија многу инструменти за соработка, меѓутоа ниту еден од нив не донел до посакуваниот резултат.
„Заедничките платформи за работа не се потребни за да пиеме заедно чај и кафе, туку за да бараме решенија и компромиси“, додаде рускиот претседател.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче