Генералниот директор на корпорацијата „Тактичко ракетно вооружување“, Борис Обносов, изјави дека во Русија завршена е програмата за создавање суперсонични ракетни технологии. Тој додаде дека документот е одобрен од Министерството за одбрана на Русија, пренесува ИТАР-ТАСС.
„Со десетици институти и претпријатија формиравме 12 работни групи. Програмата ја составивме и истата е веќе одобрена од Министерството за одбрана на Русија. Најважно е сега истата да се реализира“, изјави Обносов.
Тој прецизираше дека првиот продукт од оваа програма треба да излезе од конвеерот во 2020 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче