Путин: Русија може да разгледа други маршрути за „Јужен тек“, заобиколувајќи ги земјите на ЕУ

Русија е решена да ги реализира проектите „Северен тек“ и „Јужен тек“, но ако Европската унија ја попречува реализацијата на последниот, Русија ќе разгледа и други варијанти за изградба на гасоводот - преку држави кои не се членки на ЕУ, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин.

„Ако и понатаму имаме проблеми околу 'Јужен тек', а Брисел постојано ни 'дава сопки' - ние ќе разгледаме и други варијанти - преку држави кои не влегуваат во составот на Европската унија“, изјави Путин за време на средбата со раководителите на светските информативни агенции.

Русија ги гради гасоводите „Северен тек“ и „Јужен тек“ за да ги диверзифицира испораките на гас во Европа, како и за да ја намали транзитната зависност од Украина. Во последно време се засилија стравовите за безбедниот транзит на рускиот гас преку Украина во Европа поради политичката нестабилност во државата, како и поради намерите Русија да воведе „припејд“ режим на плаќање за гасот за Украина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња