Путин не разбира зошто Москва треба да ја намалува цената на гасот за Киев

Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека не гледа причина зошто Москва треба да ја намали цената на гасот за Киев, пренесува РИА „Новости“.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека не гледа причина зошто Москва треба да ја намали цената на гасот за Киев, пренесува РИА „Новости“.

„Нашите украински партнери од јули минатата година прекинаа со редовните наплати за гасот. Сега слушаме дека треба да ја намалиме цената на гасот. А зошто? Со договорот такво нешто не е предвидено“, изјави Путин на Санктпетербуршкиот меѓународен економски форум.

Путин забележа дека Москва во целост ги исполнува обврските според договорот со Киев.

Од 1 април Русија ги укина за Украина сите попусти за гасот. Како резултат на тоа, цената за гасот порасна на 485 долари за илјада кубни метри гас. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња