Странски медиуми: партнерството меѓу Русија и Кина е прва глобална коалиција против хегемонијата на САД

Проширената соработка меѓу Русија и Кина е прва од тој вид после падот на Берлинскиот ѕид.

Проширената соработка меѓу Русија и Кина е прва од тој вид после падот на Берлинскиот ѕид. Тоа е прва глобална коалиција во последниве 20 години против глобалната хегемонија на САД, се кажува во статија на The Washington Post. Зделката меѓу Москва и Пекинг му дозволува на Кремљ да не се плаши од можното откажување на Европа од рускиот гас и ги анулира сите изјави на САД за „изолирана Русија“, смета авторот на статијата.

Соработката меѓу двете водечки антизпаадни држави е сериозно разместување на глобалниот баланс на сили, се забележува во статијата. Ако таквата политика продолжи, тогаш планетата ќе ја очекува крај на 25-годишната монополарност, смета авторот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња