Русија создаде „затворен документ“ како одговор на санкциите на Западот

Помошникот на претседателот на Русија, Андреј Белоусов, изјави дека Русија создаде „затворен документ“ како одговор на санкциите на Западот, пренесува РИА „Новости“.

Помошникот на претседателот на Русија, Андреј Белоусов, изјави дека Русија создаде „затворен документ“ како одговор на санкциите на Западот, пренесува РИА „Новости“.

„Можам да кажам дека имаме тактички пристап, создаден во вид на документ. Документот, поради разбирливи причини, е затворен од очите на јавноста. Таму јасно е напишано какви ќе бидат нивоата на санкциите: дали ќе бидат тоа санкции за физички лица, компании или за одредени сектори, дали ќе бидат тоа системски или општи санкции, дали ќе се однесуваат на одреден банкарски систем или не“, изјави Белоусов за телевизискиот канал „Русија 24“.

„Затоа, ако против нас бидат применети дополнителни санкции, можам да кажам дека точно знаеме како ќе реагираме“, додаде Белоусов. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња