Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека санкциите на САД кон Русија ѝ одговараат на државата за да добијат поконкурентни предности со државите од ЕУ. Путин ова го изјави за време на Санктпетербуршкиот меѓународен економски форум, а пренесува кореспондент на „Газета.ру“.
„Имам сомнеж дека нашите американски пријатели, а тие се умни луѓе, сакаат да добијат одредени предности во своите трговско-економски врски со Европа. Други посилни мотиви не чувствувам дека постојат“, изјави тој.
Според Владимир Путин, трговијата меѓу Русија и САД изнесува само 27,8 милијарди долари, а со Европа - околу 440 милијарди долари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче