И покрај новиот договор за испорака на гас во Кина, Русија останува најголемиот и безбедниот испорачувач на горивото во Европа, и гледа понатамошни можности за зголемување на испораките во иднина, изјави министерот за енергетика на Русија, Александар Новак, за време на Санктпетербуршкиот меѓународен економски форум.
„Што се однесува до европскиот правец, овде планираме да го зачуваме лидерството. Ако земеме предвид дека во Европа денес има намалување на експлоатацијата на горивото, се појавуваат дополнителни можности за зголемување на испораките на рускиот гас. Русија Секогаш ги исполнувала своите обврски, и тоа ќе го прави во иднина“ изјави Новак.
„Гаспром“ и кинеската CNPC во средата потпишаа договор за испорака на 38 милијарди кубни метри гас годишно во Кина во следните 30 години. Вкупната вредност на договорот изнесува 400 милијарди долари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче