Во Русија создадена е најдобрата вакцина против грипот

Во Русија е создадена најдобрата вакцина против грип во светот, изјави министерката за здравство на Русија, Вероника Скворцова, пренесува кореспондент на „Газета.ру“.

Во Русија е создадена најдобрата вакцина против грип во светот, изјави министерката за здравство на Русија, Вероника Скворцова, пренесува кореспондент на „Газета.ру“.

„Во 2014 година, кога водечкиот руски институт за производство на вакцини полни 75 години, навлегуваме во нова историска епоха. Тоа е епоха на имплементирање на нови биомедицински и фармацевтски технологии, кои ќе ни дозволат да добиеме безбедни имунолошки препарати кои создаваат силен имунитет, дури и против таквите вируси, како вирусот на грипот“, изјави Скворцова.

Според неа, најновиот препарат за борба против грипот е најдобриот од тој вид во светот „и со него можеме да се гордееме“, додаде министерката.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија