Путин: ризиците поврзани со испораката на гас од Русија во Европа се вина на Украина

Ризиците кои настанаа во испораките на руски гас во Европа настанаа поради Украина, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин за време на заседанието на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.

Според неговите зборови, Русија секогаш ја негувала репутацијата на сериозен снабдувач со енергетски ресурси во Европа, а Украина ја злоупотребува својата позиција на транзитна земја.

 Во врска со ова, Путин изјави дека Москва чека соодветна реакција од Европа за оваа ситуација. Тој изрази надеж дека руските власти ќе успеат да се договорат со Киев. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња