Француската Danone планира да инвестира 400 милиони долари во руските проекти до 2017 година, пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на генералниот директор на компанијата во РУсија, Ив Легро.
„Ништо нема да промениме во нашата инвестициска програма, сѐ оди според планираното“, изјави Легро.
Во периодот од 2012 до 2014 година обемот на инвестиции изнесуваше 300 милиони долари. Компанијата развива проекти во неколку региони, особено во Тјуменската област, Екатеринбург и Санкт Петербург.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче