Западни медиуми: дружбата меѓу Русија и Кина не носи ништо добро за САД

Зацврстувањето на односите меѓу Русија и Кина не носи ништо добро за САД, пишува The Independent. Весникот смета дека Кремљ е фокусиран на проширување и зацврстување на односите со Истокот, а не со Западот, и забележува дека односите меѓу Вашингтон и Москва и Пекинг нагло се влошиле.

Според мислењето на весникот, соработката меѓу Русија и Кина е важна, пред сѐ, од политичка гледна точка, а им годи на двете земји и од економска гледна точка. Пекинг сѐ повеќе ја поддржува позицијата на Москва околу Украина, пишува весникот, додавајќи дека разрешувањето на кризата во Сирија и другите ситуации во светот преку Советот за Безбедност во ООН станува сѐ помалку веројатно. Весникот заклучува дека губитник во вечниот геополитички триаголник ќе биде Вашингтон.

The Wall Street Journal, од своја страна, пишува дека Москва и Пекинг бараат противтежа на влијанието на САД во светот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња