Русија праќа 37 тони хуманитарна помош во Бања Лука

Вчера од Москва во Бања Лука тргна авион со 37 тони помош наменета за населението погодено од поплавите, изјави шефот на Претставништвото на Република Српска во Русија, Душко Перовиќ, пренесуваат руските медиуми.

Според неговите зборови, помошта се состои од агрегати, пумпи, шатори, ќебиња, намирници, средства за лична хигиена и други средства неопходни за ублажување на последиците од катастрофалните поплави во Република Српска.

„Русија деновиве организираше собирање помош за поплавените региони. Министерот за вонредни ситуации на Русија изјави дека на Република Српска ќе ѝ биде пружена сета неопходна помош“, изјави Душко Перовиќ. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња