Русија ќе започне сериско производство на најновите комплекси за противвоздушна одбрана со средна далечина на дејство - С350Е „Витез“ во 2015 година. Ова го пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на Јан Новиков, генерален директор на концернот „Алмаз-Антеј“.
„Основниот комплекс е веќе готов, а на ред се ракетите кои треба да бидат тестирани до крајот на 2014 година“, изјави Новиков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.