Русија е подготвена да соработува со Индија во производството на делови за ГЛОНАСС

Федералната вселенска агенција на Русија е заинтересирана да создаде заедничко претпријатие со Индија за производство на делови за ГЛОНАСС, пренесува ИТАР-ТАСС. Ова било разговарано на Петербуршкиот меѓународен економски форум и објавено од заменикот шеф на Роскосмос, Сергеј Савелев.

„Нашите предлози се основани на искористувањето на технологијата на ГЛОНАСС за обезбедување на транспортната безбедност, како и за националните интереси на Индија“, изјави Савелев.

Според неговите зборови, Роскосмос би сакал да размести во Индија земни станици на ГЛОНАСС, како и заеднички да произведува апаратура за сателитите. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња