Во периодот од јануари до април годинава во Русија е забележан раст на индустриското производство за 2%, изјави на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург министерот за економски развој на земјата, Алексеј Уљукаев.
Тој изјави дека резултатот е постигнат благодарејќи на промените на девизниот курс.
„Намалувањето на курсот на рубљата во однос на доларот и еврото создава големи можности за замена на увозната стока со производи од домашно производство“, смета министерот. И таа можност треба да се искористи, додаде Уљукаев.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче