Русија бара официјално објаснување од Велика Британија за зборовите на принцот Чарлс

Александар Лукашевич, претставник на МНР на Русија, изјави дека Москва бара од Велика Британија официјално објаснување за зборовите на принцот Чарлс за Владимир Путин, пренесува кореспондент на „Газета.ру“.

„Ако изјавите на принцот Чарлс за Путин се вистинити, тие, секако, не се во чест на британскиот престолонаследник. Русија побара официјално објаснување од британската страна за неговите изјави“, изјави Лукашевич.

Претходно се обзна дека принцот Чарлс нема да се сретне со Путин во Нормандија.

Во медиумите се појавија написи дека принцот Чарлс ја критикувал политиката на Владимир Путин и Русија кон Украина, како и приклучувањето на Крим во составот на Руската Федерација. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња