Групата Black Sabbath ќе одржи концерти во Русија

Британската рок група Black Sabbath подготви специјална програма за концертите во Русија, пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на интервју со гитаристот на колективот, Тони Ајоми.

Британската рок група Black Sabbath подготви специјална програма за концертите во Русија, пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на интервју со гитаристот на колективот, Тони Ајоми.

На 1 јуни групата ќе одржи концерт во спортскиот комплекс „Олимписки“ во Москва, а на 3 јуни - во Санкт Петербург.

„Што се однесува до програмата, таа е спој од различни стари композиции и нов материјал“, изјави Ајоми, подвлекувајќи дека најпопуларните песни на групата со сигурност ќе бидат исполнети пред руската публика.

„Со нетрпение очекуваме да излеземе на сцената. Помина доста време од нашиот последен концерт, но кај мене останаа добрите сеќавања за него“, додаде Ајоми.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња