Во рамките на договорот за гас Русија ќе инвестира 55 милијарди, а Кина 22 милијарди долари

Вкупниот обем на инвестиции од руската страна за реализацијата на договорот за испорака на гас во Кина ќе изнесува 55 милијарди долари, а од кинеска страна ќе бидат инвестирани 22 милијарди долари, изјави за новинарите претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.

„Гаспром“ и кинеската CNPC претходно потпишаа долгорочен договор, со кој се предвидува испорака во Кина на руски гас во времетраење од 30 години. Според зборовите на шефот на „Гаспром“, Алексеј Милер, вкупната вредност на договорот изнесува 400 милијарди долари.

55-те милијарди долари руски инвестиции ќе заминат на изградба на капацитети за експлоатација на гасот, како и изградба на гасовод. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња