Time: Владимир Путин и Кси Џинпин се договорија заедно да настапат против Западот

Претседателот на Русија, Владимир Путин и претседателот на Кина, Кси Џинпин сфатија дека тесните врски меѓу Москва и Пекинг ќе бидат полезни на фонот на сѐ понапрегнатите односи со Западот, пишува Time. Како што смета весникот, сега на рускиот лидер му требаат пријатели, а барем еден од нив тој веќе пронајде во Кина.

И покрај тоа што Русија и Кина регуларно соопштуваат дека имаат добри односи во последниве 20 години, меѓу нив, како и секогаш, постои недоверба, се кажува во статијата. „Сепак, старите рани, се чини, започнаа да заздравуваат“, пишува весникот, додавајќи дека тоа се случува на фонот на поголемата изолација на двете држави. Во материјалот се забележува дека на Москва и Пекинг им треба не само дипломатска поддршка, туку и економска соработка.

Весникот заклучува дека потесните односи меѓу Русија и Кина можат да имаат сериозни геополитички последици за Западот.

The Independent, од своја страна, ја започнува статијата за Москва и Пекинг со зборовите „непријателот на мојот непријател - е мој пријател“. Весникот посветува внимание на „топлата атмосфера“ за време на средбата меѓу рускиот и кинескиот претседател, додавајќи дека односите на двете држави со САД во последно време станале полоши. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња