Русија нема да праќа набљудувачи на претседателските избори во Украина

Русија одлучи да не праќа набљудувачи на претседателските избори во Украина закажани за 25 мај, бидејќи земјата смета дека во овој момент треба да се посвети внимание на прекин на крвопролевањето, изјави Леонид Слуцки, претседателот на комитетот во Државната Дума за прашања од ЗНД, пренесува РИА „Новости“.

„Во овој момент не е донесена одлука за праќање на набљудувачи. Познато е дека тоа се избори кон кои ние имаме специфичен однос и мислење. Во принцип, тешко дека изборите кои се случуваат без учество на многу региони во земјата“, изјави Слуцки.

Воедно, тој истакна дека и Западот и Украина ги доживуваат изборите на 25 мај како вистински чекор кон прекин на крвопролевањето. Според неговото мислење, ако изборите навистина бидат во чекор кон спречување на крвопролевањето и деескалација на насилството, тогаш навистина ќе може да се сметаат за легитимни. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња