Првиот железнички мост помеѓу Русија и Кина преку Амур ќе биде изграден до 2016 година

Фондот за развој на Далечниот Исток и Бајкалскиот регион и Руско-кинескиот инвестициски фонд објавија за донесување одлука за инвестирање и изградба на првиот во историјата железнички мост на границата помеѓу Русија и Кина, пренесува РИА „Новости“.

Новиот мост ќе има капацитет до 21 милиони тони стока годишно. Тој ќе ја поврзе Еврејската автономна област на Русија со кинеската провинција Хејлунгџанг. Договорот е потпишан во рамките на работната посета на претседателот на Русија во Кина.

Се претпоставува дека мостот ќе биде изграден до 2016 година.

Изградбата на железничкиот мост ќе овозможи создавање на нов извозен коридор помеѓу Русија и Кина и укинување на инфраструктурните ограничувања за транспорт на стоки од новите наоѓалишта во источен Сибир и на рускиот Далечен Исток.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња