Airbus се плаши од прекин на испораката на титан од Русија

Поради украинската криза, европскиот гигант за изградба на авиони Airbus се подготвува за можен дефицит на материјали кои се неопходни за процесот на производство на авионите, пишува Дојче Веле.

Поради украинската криза, европскиот гигант за изградба на авиони Airbus се подготвува за можен дефицит на материјали кои се неопходни за процесот на производство на авионите, пишува Дојче Веле.

Станува збор за испораката на руски титан, изјави раководителот на производственото одделение на компанијата, Гинтер Бучек. Тој материјал се користи за производство на шасиите и делови од моторите, и засега испораките од Русија доаѓаат непрекинато.

Сепак, претставниците на специјално создадената работна група во моментов бараат алтернативи на руските испораки во случај да дојде до засилување на санкциите од ЕУ, со што испораките на титан од Русија би прекинале. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња