Потпишан е договорот за гас со Кина

„Гаспром“ и Кинеската национална нафтена корпорација CNPC го потпишаа договорот за испорака на руски гас во Кина, пренесува кореспондент на „Газета.ру“.

„Гаспром“ и Кинеската национална нафтена корпорација CNPC го потпишаа договорот за испорака на руски гас во Кина, пренесува кореспондент на „Газета.ру“.

Станува збор за 30-годишен договор за испорака на 38 милијарди кубни метри гас годишно. Потпишувањето се изврши со присуство на лидерите на Кина и Русија, Кси Џинпин и Владимир Путин.

Меморандумот за проектот со кој се предвидува испорака на гасот беше потпишан уште во 2013 година.

Во вторникот се појавија сомнежи околу тоа дали ќе биде потпишан овој договор меѓу двете држави. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња