Крим целосно го реши проблемот со снабдувањето со вода за пиење, пренесува „Интерфакс“, повикувајќи се на првиот вицепремиер на републиката, Рустам Термиргалиев. Досега Крим вода добиваше преку Северо-Кримскиот канал, кој Украина го затвори.
„Денес започна снабдувањето со вода од Тајганскиот басен, со што Крим е 100% обезбеден со вода за пиење од сопствени извори“, изјави Темиргалиев. Водата доаѓа од реката Бијук-Карасу.
Тој подвлече дека повеќето земјоделски претпријатија во Крим веќе успеале да посадат алтернативни растителни култури поради недостатокот од вода за наводнување. „Во земјоделието имаме мали загуби. Исклучок е оризот, кој целосно го изгубиме“, изјави првиот вицепремиер.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче