Хеликоптери од МВС на Русија ќе помагаат во гаснењето на пожарите ширум Балканот

Повеќенаменските хеликоптери Ка-32 од Министерството за вонредни состојби на Русија, кои синоќа пристигнаа во Србија, во текот на оваа сезона ќе учествуваат во гаснењето на шумските пожари ширум Балканот, соопшти за РИА „Новости“ генералниот директор на агенцијата „Емеркон“, Јуриј Бражников.

Два Ка-32 пристигнаа во саботата во Србија за да учествуваа во акцијата за спасување после катастрофалните поплави кои го погодина Балканот. Неколку десетици илјади луѓе во Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска се евакуирани, а илјадници станбени објекти се уништени или оштетени.

„Руско-српскиот центар во Ниш ќе пружи услуги за спасување со своите хеликоптери, како и за гаснење на пожари“, изјави соговорник за агенцијата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња