Цената на рускиот гас за Кина ќе изнесува 360 долари

Цената за рускиот гас кој ќе биде испорачуван во Кина се очекува да изнесува 360 долари за илјада кубни метри, пишува кинескиот весник Shanghai Daily. Сепак, оваа цена може да ја плати кинеската корпорација CNPC само ако истата биде вклучена во разработката на нови наоѓалишта на гас.

Кина и Русија не можат да се договорат за цената за гасот веќе неколку години, а станува збор за испораки во обем од 68 милијарди кубни метри годишно. На почеток „Гаспром“ сакаше да воведе цена од 400 долари, еднаква на европската, но Кинезите со таа цена не се согласни.

Во почетокот на 2014 година беше соопштено дека „Гаспром“ може да ја намали цената за Кина во замена за авансно плаќање од неколку милијарди долари.

Претседателот на Русија е во дводневна посета на Кина. За време на посетата се очекува потпишување на рекорден број договори, изјавено е во администрацијата на претседателот. Исто така, се очекува двете страни да го потпиша договорот за гас, чии преговори траат веќе 10 години. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.