Два хеликоптера Ка-32 на Министерството за вонредни состојби на Русија пристигнаа во Србија за да учествуваат во спасувачките операции. Според информации од овој ресор, тие ќе се занимаваат со потрага и спасување на луѓето од подрачјата зафатени со поплави.
Во цела Србија веќе неколку дена прогласена е вонредна состојба поради катастрофалните поплави.
Министерството за вонредни состојби на Русија упати хуманитарна помош за луѓето во загрозените подрачја. Во реонот на градот Обреновац работат 72 руски спасувачи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче