Односите на Русија кон НАТО и ЕУ поради кризата во Украина бараат преиспитување, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров во Москва за време на состанокот со колегата од Словачка, Мирослав Лајчак.
Тој нагласи дека е важно да се разбере каде мислењата се вкрстуваат, а каде се разидуваат.
Министерот нагласи дека е неопходно односите да се градат во склад со постојните документи, на пример, во рамките на Советот Русија-НАТО.
Лавров, исто така, изјави дека во Москва се цени одмерената и прагматична позиција на Словачка.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче