Во регионите кои страдаат од поплави во Србија се пратени два хеликоптера на Министерството за вонредни состојби на Русија, пренесува „Интерфакс“, повикувајќи се на официјалниот претставник на МВС на Русија, Александар Дробишевски.
„Два хеликоптера Ка-32 полетаа од посмодковниот аеродром 'Раменское' накај Ниш. Тие ќе прелетаат 2,3 илјади километри преку Брест, Братислава, Ниш“, изјави Дробишевски.
Се забележува дека хеликоптерите ќе патуваат накај Србија 12 часа.
Тие треба да испорачаат во Руско-српскиот центар во Ниш противпожарна опрема и друга хуманитарна помош.
Дробишевски додаде дека руските хеликоптери досега во Србија евакуирале преку 2.000 луѓе од загрозените региони.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче