Милер: Украина ќе биде одговорна за недозволеното користење на транзитниот гас

Ако Киев не плати за гасот испорачан во јуни, Гаспром на границата со Украина ќе пропушти само онолку гас, колку што ќе биде им биде потребно на земјите во Европа.

Ако Киев не плати за гасот испорачан во јуни, Гаспром на границата со Украина ќе пропушти само онолку гас, колку што ќе биде им биде потребно на земјите во Европа, а Киев ќе сноси одговорност за недозволеното користење на гасот, соопшти претседателот на управниот одбор на Гаспром, Алексеј Милер.

„Ако се случи Украина да не плати за јунскиот гас, нашата компанија нема да воведува ограничувања. Ние едноставно ќе испорачаме во Украина онолку гас, колку што таа ќе плати. Низ Украина ќе тече онолку гас, колку ѝ треба на Европа“, изјави Милер, а пренесува РИА „Новости“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.