Кон Србија полета вториот руски авион со хуманитарна помош

Вториот авион од Министерството за вонредни состојби на Русија со хуманитарна помош за жртвите од поплавите полета накај Србија од Москва, изјави во неделата официјалниот претставник на министерството, Александар Дробишевски, а пренесува РИА „Новости“.

„Авионот Ил-76 од МВС на Русија во неделата полета од Москва накај Белград. Авионот носи 38 тони товар (еден генератор, 10 пумпи за пумпање вода, 30 чамци, 2.600 ќебиња, конзерви месо и риба, шеќер, храна за бебиња)“, изјави Дробишевски.

Претходно кон Ниш полета првиот авион на Министерството за вонредни состојби на Русија. Во него има 29 тони хуманитарна помош. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња