Санкциите кон Русија нема да бидат проширени врз енергетскиот сектор. Оваа одлука Европската унија ја објави на 16 мај преку комесарот за енергетика Гинтер Етингер.
„Руските партнери веќе 40 години испорачуваат значајна количина природен гас на пазарот. Ние досега го усогласивме ставот дека Европската унија нема да ги прошири санкциите кон Русија врз енергетскиот сектор, бидејќи ние не сакаме да дојде до редукција. Русија испорачува гас, а Европската унија плаќа. Според тоа, ние не сакаме да ги претвораме испораките на гас во оружје“, изјави Етингер на конференцијата за новинарите после неформалната средба со министрите за енергетика на ЕУ.
Тој изрази надеж дека проблемот со транспортот на гасот преку Украина ќе биде решен за две недели.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче