Руските власти забележително ја омекнаа реториката упатена кон Украина, пишува The Financial Times. Како што забележува весникот, тоа се случува една недела до претседателските избори во Украина.
Весникот забележува дека на почеток претседателот на Русија, Владимир Путин повика да се пренесе референдумот на друг датум на југоистокот на Украина. Потоа Москва изјави дека „со почит“ се однесува кон резултатите од гласањето во Денецката и Луганската област.
Оттогаш поголем број чиновници во Русија ја променија својата реторика кон Украина. Така, на пример, спикерот во Думата, Сергеј Наришкин, изјави дека неспроведувањето на изборите во Украина „е уште пожално сценарио“, отколку нивното одржување.
Според зборовите на еден од европските дипломати, промената на реториката се восприема како доказ дека Москва не се подготвува за „брзо кримско сценарио“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче