Роскомсос планира до крајот на 2014 година да изврши уште две лансирања на ракетата-носач „Протон-М“, пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на зборовите на раководителот на агенцијата, Олег Остапенко.
„Според распоредот, планирани се уште две лансирања до крајот на годината. Првото лансирање ќе носи ГЛОНАСС сателити, а вториот – астрофизички апарат“, подвлече тој.
Во агенцијата веќе е создадена комисија која ќе се занимава со проучување на причините за откажувањето на работата на моторот од третиот степен на „Протон-М“.
На 16 мај „Протон-М“ имаше неуспешен старт. Во 540 секунда од лансирањето откажа моторот во третиот степен.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.