Москва е револтирана поради одлуката на Летонија да ја изедначи нацистичка Германија со Советскиот Сојуз

Воведувањето кривична одговорност за „негирање на агресијата на СССР и нацистичка Германија“ во Летонија претставува неморален обид да се препише историјата, изјави официјалниот претставник на МНР на Русија, Александар Лукашевич.

Според неговите зборови, изедначувањето на Германија на Хитлер со Советскиот Сојуз, кој го даде одлучувачкиот придонес во победата над фашизмот, го сквернави сеќавањето на оние кои го спасија светот од големото зло.

Летонскиот Сејм ги усвои амандманите кои предвидуваат казни за славење, негирање, оправдување или ставање под сомнеж на советската и нацистичката окупација. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња