Во Летонија ќе биде воведена кривична одговорност за негирање на „советската окупација“

Парламентот на Летонија во завршното читање усвои амандмани на закон, со кој се дозволува казна до 5 години затвор за негирање, оправдување или јавно изнесување сомнеж за постоењето на советската и нацистичката окупација, пренесуваат руските медиуми

 Освен затворска казна, обвинетите ги очекува и општествено корисна работа и големи парични казни. Законот дефинитивно ќе стапи на сила откако претседателот на земјата го потпише.

Оваа одлука била поддржана од 56 пратеници, а само 22 гласале против. Партијата „Центар на хармонија“ тврди дека овие измени се кршат со Уставот на земјата и ги кршат правата на граѓаните за слобода на говорот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња