Словачкиот премиер, Роберт Фицо, ги обвини лидерите на земјите од Западна Европа за лицемерие околу ситуацијата во Украина и изјави дека евентуалните нови американски и европски санкции кон Русија ќе ја отежнат ситуацијата во Европа“, пренесува Блумберг.
„Зборуваме за заедништво во дејствувањето, а Франција се подготвува да ѝ продаде на Русија воени бродови. Зборуваме за тоа како да обезбедиме енергетска безбедност во Украина, а носиме клучни решенија во Советот на ЕУ, додека Гаспром потпишува договори за Јужен тек со германските, француските и италијанските компании“, изјави тој на конференцијата во Братислава.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче