Русија го обнови доводот на вода на Крим

Проблемот со водоснабдувањето на Крим е делумно решен, изјави министерот за природни ресурси на Русија, Сергеј Донској. Тој изјави дека до тоа дошло после пренасочувањето вода од кримската река Бијук Карас во Северниот кримски канал.

Неопходната хидротехничка конструкција беше изградена во рекорден рок. Изградбата започна кон крајот на април, а беше завршена во првите денови на мај.

Украина обезбедуваше до 85% од потрошувачката на слатка вода на Крим преку Северниот кримски канал. Меѓутоа, после приклучувањето на полуостровот во составот на Русија, украинските власти го прекинаа дотокот на вода. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња