Кон Србија ќе се упатат два авиона од Русија со хуманитарна помош

Наскоро во Србија ќе одлетаат два авиона Ил-76 во сопственост на Министерството за вонредни состојби на Русија, во кои ќе има хуманитарна помош и спасувачи за регионите кои се поплавени во земјата, пренесува „Интерфакс“, повикувајќи се на извор во Министерството.

„За поддршка во отстранувањето на последиците од поплавите, планирано е да се упатат кон Србија од Русија два авиона Ил-76 од МВС“, изјавија во министерството.

Според зборовите на изворот, авионите ќе превезуваат опрема и хуманитарна помош за населението.

Ви централниот и западниот дел од Србија воведена е вонредна состојба поради обилните врнежи. Многу патишта и мостови се оштетени и има значителна економска штета. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија