Западни медиуми: шефот на ЦИА повика да се казни Русија со ниска цена на нафтата

Поранешниот директор на ЦИА, Џејмс Вулси и коосновачот на Институтот за анализа на глобалната безбедност, Ен Корин, повикаа да се казни Русија за дејствата во Украина со ниска цена на нафтата. Ова се кажува во нивната статија во The Wall Street Journal.

„На Русија ѝ треба цена од 117 долари за барел за да има балансиран буџет. Ајде да си дадеме цел да направиме цената на изнесува 60 долари?“, пишуваа авторите. Според зборовите на експертите, Москва има геополитичко влијание во Европа делумно поради природниот гас, а слабата точка на Кремљ е имено цената на нафтата. Како што сметаат авторите на статијата, намалувањето на цената не е корисно само за Западот, туку и за Кина и Индија.

„Нафтата ќе го изгуби своето место во светскиот баланс на власта, и државите кои се држеа на високите цени на нафтата ќе бидат принудени фундаментално да се преструктурираат, вклучувајќи ги и своите геополитички амбиции“, пишуваат Вулси и Корин.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.