Русија ќе најде замена за системите Visa и MasterCard

Русија ќе најде замена за системите Visa и MasterCard ако тие престанат со работа во Русија, изјави Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија во интервју за агенцијата Блумберг.

Русија ќе најде замена за системите Visa и MasterCard ако тие престанат со работа во Русија, изјави Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија во интервју за агенцијата Блумберг.

Тој истакна дека и во другите земји постојат многу експерти кои знаат како се прави тоа.

Истовремено, тој истакна дека Visa и MasterCard се загрижени поради загубата на пазарот.

Претходно претставници од обата система за плаќање изјавија дека можеби ќе мора да ја напуштат Русија ако дојде до создавање на национален систем за платен промет.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња