Русија ќе испорача 30 хеликоптери на Авганистан до 2014 година

Русија ќе испорача на САД 30 хеликоптери Ми-17В-5 за армијата на Авганистан до крајот на октомври 2014 година, пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на директорот на Федералната служба за воено-техничка соработка, Александар Фомин.

„Договорот ќе биде извршен до 31 октомври 2014 година. Досега се испорачани 12 хеликоптери“, изјави Фомин.

Се забележува дека досега Авганистан преку САД добил 45 руски хеликоптери од овој вид. Основниот договор меѓу Рособоронекспорт и американската влада беше потпишан на 26 мај 2011 година, според кој беа испорачани 21 хеликоптер, а покасно беше потпишан уште еден договор со дополнителна партија хеликоптери.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња