Белоруската влада потпиша договор за добивање кредит од 500 милиони долари, пренесува „БелТА“. Овие средства ќе бидат употребени за финансирање на договорот за изградба на Белоруската АЕЦ.
Решението за кредит беше донесено од советот на Внешекономбанк во декември минатата година. Кредитната линија трае 8 години, од кои 4 години се грејс-период.
„Претседателот на владата на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, исто така даде зелено светло за оваа крупна финансиска операција“, изјави премиерот на Белорусија, Михаил Мјасникович, додавајќи дека кредитот ќе ѝ овозможи на републиката да го намали одливот на странска валута од државата.
Новата белоруска АЕЦ ќе има два реактора со вкупна моќ од 2,4 мегавати. Изградбата се планира да заврши во 2018 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче