Инженерските единици при Министерството за одбрана на Русија започнаа да градат водоводна мрежа со која водата за пиење ќе се пренесува од изворите во југоисточниот град Стар Крим, соопштено е на прес-служба во министерството.
Краците на водоводот се градат во правец на другите градови и населби на Крим. Вкупната должина на водоводот ќе надмине 125 километри.
85% од своите потреби за вода Крим ги добиваше од Украина преку Северниот кримски канал, со кој се поврзува Днепар и полуостровот. После приклучувањето на Крим во составот на Русија, Киев ја пренасочи чистата вода во морето.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.