Москва е категорично против зачленувањето на Украина во НАТО, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров во интервју за телевизијата Блумберг.
„Обидите Украина да се вовлече во НАТО ќе бидат негативни за целиот систем за безбедност во Европа, и ние сме категорично против тоа. Нема што да кријам во врска со тоа“, објасни Лавров, додавајќи дека тоа прашање директно се однесува на Русија.
Министерот нагласи дека сите учесници во конфликтот мораат заеднички да донесат одлука за излез од политичката криза.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче